Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата разговараше со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и други европски лидери, со цел да се добие итна помош за зајакнување на воените напори на Киев.
Зеленски изјави за новинарите дека разговорите во средата во Брисел и дискусијата со 27-те национални лидери на Европската унија следниот ден биле „многу добра можност да се разговара за безбедносните гаранции за Украина за денес и утре“. Додека европските лидери инсистираат дека се фокусирани на непосредните потреби на Украина, некои официјални лица почнаа да разговараат за тоа како да се обезбеди безбедноста на земјата по завршувањето на војната, вклучително и можноста за распоредување европски трупи.
Разговорите во средата се одржаа во услови на неизвесност околу идната американска поддршка, при што новоизбраниот претседател Доналд Трамп се заложи за брз крај на војната и повика на итен прекин на огнот.
Володимир Зеленски го критикуваше унгарскиот премиер Виктор Орбан за неговите обиди да посредува меѓу Украина и Русија, велејќи дека Орбан нема вистинска моќ да влијае на рускиот претседател Владимир Путин.
„Како ќе извршат притисок врз Путин? Со насмевка? Нека си го задржи тоа за себе“, рече Зеленски.