Заменик-градоначалникот на Трст ги фрли алиштата на еден бездомник во ѓубре, сака чист град

0
73

Жителите на Трст беа лути што нивниот заменик-градоначалник ги фрли во ѓубре алиштата на еден бездомник. Поради тоа, некои жители, пишува Би-би-си, на улиците им оставија ќебиња и топла облека на бездомниците.

Политичарот кој го стори тоа е десничарот Паоло Полидори, член на радикално десничарската лига, на која исто така ` припаѓа и министерот за внатрешни работи, Матео Салвини. Полидори, поради гневот на јавноста, ја избриша објавата на „Фејсбук“ на оваа тема.

Во спорната објава, Полидори рече дека е среќен што фрли „куп партали” во ѓубре.

„Како нормален граѓанин кој има пристојност го собрав тоа и го фрлив”, напиша тој.

„Пораката е: нулта толеранција! Сакам Трст да биде чист”, рече тој.

Полидори рече дека „скитникот” ќе добие нова облека ако отиде во јавно засолниште за бездомници. Тој рече дека се работи за „скитник” од Романија на кој му било наредено да го напушти Трст.

„Мојата објава е искористена, не сум расист”, рече Полидори.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here