Измамите не престануваат: Уште еден скопјанец дал 2.800 евра откако го излажале дека ќерка му прегазила мигрант

123

Измамите со веќе познатата шема според која непознати лица им се јавуваат на граѓани, ги лажат дека нивното дете направило сообраќајка и им бараат пари, не престануваат. Вчера е регистирана уште една ваква измама. Шеесет и деветгодишен скопјанец вчера во 21 часот во СВР Скопје пријавил дека бил измамен за сума од 2.800 евра.

Тој во полиција раскажал дека во 9 часот му се јавило непознато лице кое му кажало дека неговата ќерка прегазила дете – мигрант и требало да даде пари за да и помогнат. Околу 15 минути подоцна пред зграда во Скопје човекот на непознатото лице му дало 2800 евра, но откако се јавил на неговиот син сфатил дека бил измамен.

Ист ваков случај беше пријавен на крајот на август кога непознати лица изнудија две илјади евра од старица и ја излажаа дека ќерка ѝ изгазила дете мигрант. Во полициските билтени можеше да се најде и претходно ваков пријавен случај, но пред да им даде пари на измамниците жената прво и се јавила на ќерка ѝ. Полицијата уште ги нема најдено сторителите.