Заев-Сорос: Македонија презеде клучни чекори за стабилност, безбедност и економски развој
Скопје, 24 јануари 2019 (МИА) – Премиерот Зоран Заев, во рамки на економската и политичка агенда на Светскиот економски форум во Давос, се сретна и разговараше со филантропот и финансиер Џорџ Сорос, основач на Фондациите Отворено општество (ФОО) и со Патрик Гаспар, претседател на ФОО.
-Зачленувањето на Република Македонија во НАТО и интеграцијата кон Европската Унија беа оценети како клучни чекори кои обезбедуваат стабилност и сигурност за земјата и за регионот, и ја отвораат вратата за нови странски инвестиции, за развој на македонската економија и за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, соопшти владината прес-служба.
Заев и Сорос разменилие идеи за интензивирање на соработката меѓу Владата и Фондациите Отворено општество со цел обезбедување подобри капацитети за грижа и за предучилишно образование за децата и за поголема вклученост на граѓаните Роми во разни сфери на општествените текови во Македонија.Во разговорот, како што е наведено во соопштението од Владата на РМ, била истакната важноста на Националната стратегија за едно општество и мултикултурализам, како и потребата од интензивно учество на граѓанскиот сектор во креирање и спроведување на Стратегијата, со цел да се поддржи општествениот тренд на унапредување на довербата и комуникацијата меѓу различните граѓани и заедници во Република Македонија.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















