Заев: Никогаш не сум споменал дека друго лице е виновно за „Монструм“

44

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашања дали имал информации за некои други лица вмешани во случајот „Монструм“, тој рече дека такво нешто никогаш не споменал.

-Ако имав информации во изминатите години ќе ги посочев. Никогаш не сум споменал дека друго лице е виновно. Преку читање на пресудите, достапни на тогаш 183 страни, секогаш сум давал одговор на новинарски прашања. Секогаш сум кажувал дека последниот збор е на правосудството. Тие ќе кажат што имаат во врска со случајот, рече  Заев.