Премиерот Зоран Заев му подари вчера на српскиот претседател Александар Вучиќ икона од Свети Пантелејмон, кој животот го посветил на лекување на болните.
„На претседателот @avucic му подарив икона од светецот Пантелејмон, кој своевремено целиот свој живот го поминал во лекувањето на болните и во служба на изнемоштенит“, напиша Заев на Инстаграм.
Пратката со 4 680 вакцини вчера ја прими премиерот Заев од српската делегација која ја предводеше Вучиќ. Вкупната количина која треба да ја добие земјава од Србија е 8000 вакцини.
Вакцинацијата почнува во среда, а со вакцините на „Фајзер“ први ќе бидат вакцинирани здравствените работници во ковид-центрите.













![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)


















