Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас, заедно со нивните колеги од Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе одржат квадрилатерална средба во Мостар.
Како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, Ципрас попладнево треба да прими награда од Центарот за мир и мултиетничка соработка, за неговиот придонес во задржувањето на мирот на Балканот.
АНА-МПА објави дека околу 20 часот се очекува во Мостар да пристигнат и македонскиот премиер и премиерот на Црна Гора, а 15 минути подоцна да се одржи квадрилатерална средба на лидерите, по што ќе прошетаат по Стариот мост. Потоа, Алексис Ципрас и Зоран Заев ќе ја потпишат повелбата за мир и ќе бидат наградени од претседателот на Советот на министри, Денис Звиздиќ. Дел од грчките медиуми, наградата ја поврзуваат со Договорот од Преспа.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















