Заев гарантира дека по пописот нема да има промена на Уставот и Рамковниот договор

583

Таман работа по пописот да се менува Уставот и да се ревидира Охридскиот рамковен договор. Премиерот Зоран заев ги отфрла шпекулациите дека во зависност од резултатите на пописот ќе има промени во клучните документи. Вели дека попис ќе има секако без одложување во април следната година.

„ Христијан Мицкоски и опозицијата бараа пописот да биде одложен неколку месеци пред пандемијата, а беше усогласено сѐ. Сега гледам се отвораат некои дебати дали ќе се менувал Уставот, Рамковниот договор. Таман работа, сто пати кажав пописот и резултатите никако не влијаат на Уставот и Охридскиот рамковен договор. Да се растеретиме од оваа работа. Пописот треба да се спроведе заради рамномерниот развој, економските параметри, статистиките кои ни требаат во државата“, рече Заев денеска.