Публиката со големо нетрпение ги очекува престојните концерти на музичката легенда Здравко Чолиќ кои ќе се одржат во Белград.
Инаку, добро е познато дека пејачот не изнесува во јавноста детали од својот приватен живот, но сега прозборе за наследничките Уна и Лара.
Чола истакна дека е горд на нив и дека ги поддржува во се и им ги исполнува желбите, но не е сигурен дека ќе се согласи со нивниот избор на дечковци.
Горд сум на своите ќерки како и секој татко. Јас сум тука за да ги поддржувам и да им ги исполнувам желбите. Веќе полека почнува и изборот на дечковци, не знам како ќе се изборам со тоа, најтежок ми е тој дел, но сето тоа е живот и е сосема нормална работа, рекол Здравко.

Сопругата на пејачот, Александра ретко се појавува на настани со него, а сега Чола истакна дека во неговиот случај може да се каже дека зад секој успешен маж стои жена.
Во секој случај, сопругата ми помага во се, тука е да ме поддржи, но и корегира кога тоа е потребно. Во тоа е и поентата на заедничкиот живот, да се советувате и поддржувате, рекол пејачот.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











