Пејсерси немаат решение за Мајами, Хит води со 2:0

397

Мајами хит со 109:100 ги совладаа Индијана пејсерс во вториот меч од четврт-финалето на Источната конференција, поведувајќи со 2:0 во серијата.

Исходот на мечот беше неизвесен до средината на третата четвртина, кога Мајами се „одвои“ на +16 предност, а сите обиди на Пејсерси да се вратат во игра беа неуспешни до крајот на мечот.

За Хит најдобар беше Данкан Робинсон со 24 поени, 2 скока и 2 асистенции, откако постигна седум тројки, а Словенецот Горан Драгиќ повторно блесна со 20 поени и 6 асистенции.

Кај поразените, Виктор Оладипо освои 22 поени, Мајлс Тарнер додаде 17 поени, а Малколм Брогдон имаше 17 поени, 5 скока и 9 асистенции. Следниот меч е на програмата во сабота (21.30 часот).