За повеќе гориво во резервоарот: Како да го излажете бројачот на бензинска пумпа?

191

Бензинските пумпи најдоа методи со кои удираат по џебот на клиентите, а овие информации ги споделуваат поголем број на возачи. Прашањето е дали количината на горивото која е налеана во резервоарот е соодветна на онаа која е платена, а тоа може да се утврди само со апаратура со високо ниво на прецизност. Едвај да постои возаќ, кој не се пособневал барем еднаш во чесноста на трговците со гориво.

На тој начин се доаѓа до клучното прашање дали може бензинската пумпа да пушти повеќе гориво отколку што отчитува бројачот. Според некои теории тоа е целосно изводливо, доколку некој знае како се налива.

Инстинктивната логика веднаш насочува кон содржината на цревото, особебо ако е подолго. Откако ќе заврши со полнењето, некои возачи скокаат на него со надеж дека ќе ги исцедат последните капки од „пиштолот“ во резервоарот. Непотребно е да е споменува дека тоа не е никаква компензација бидејќи измамата се мери во литри, а не во примероци како за парфем.

Сепак, постои и друг начин, кој се базира на техничка карактеристика на бензинските пумпи. Секоја од нив има бројач од различен тип на конструкција. Сличноста меѓу сите нив е дека отчитуваат горивото под притисок со ротирачко тркало. Системот е дизајниран за најбрзо вчитување. При притискање докрај „активирањето“ на пиштолот на пумпата буквално вбризгува гориво во грлото на резервоарот, за да не се задржува следниот клиент.

Горивито може да се налева и бавно. Ако „активирањето“ на пиштолот се притиска несигурно, бензинот или дизелот нема да се излева во резервоарот со моќен млаз, туку полека. Со оглед на тоа што пумпата работи под висок притисок, дел од горивото се влева покрај вртливото тркало на мерачот.

Возачи кои го практикуваат овој метод, тврдат дека ако го користат правилно, секој може да добие околу 300 милилитри гориво на секои 10 литри повеќе од платеното. Тоа прави бонус од околу 2 литри на резервоар од 60 литри.

Ние не сме пробале, но доколку вие сте пробале или можеби ќе пробате споделете го искуството потоа.