Вујовиќ ќе ја спасува кариерата на своевремено големиот македонски ракометен талент

753

Поранешниот македонски селектор и екс тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ се чини не може без Македонци. Доказ за тоа е што популарниот Вујо во својот сегашен клуб го доведе младиот бек  Марко Нелоски кој сепак ќе почека за договор.

„Тука е Марко Нелоски, но има мали проблеми со коленот, па ќе видиме како ќе се развива ситуацијата. Дали ќе го ангажираме или ќе сочекаме малку“, изјави Вујовиќ за „Балкан0-хендбал“.

Железничар зимово се засили со уште еден поранешен ракометар на Металург, голманот Мирослав Коциќ, а во клубот пристигнаа и Словенецот Јан Горел од Копер, Анте Бабиќ од Татран Прешов и Немања Маловиќ од Црна Гора.

Кога сме кај Нелоски да кажеме дека е поранешен играч на Металург кој важеше за голем талент, но порад проблемите со повреди стагнираше, па се врати од Германија каде што во меѓувреме беше.