Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија го поддржува секој договор меѓу Скопје и Атина. Меѓутоа, како што рече, Србија мора да ги „почитува ставовите на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и на премиерот Зоран Заев“, јави дописникот на МИА од Белград.
Одговарајќи на новинарско прашање после воено-полицијската вежба „Заеднички удар 2018″ во Краљево, за ставот на Србија во врска со договорот меѓу Атина и Скопје за идното име на македонската држава, Вучиќ истакна дека тоа се внатрешни прашања, во кои тие не се мешаат:
– Ние не се мешаме во внатрешните односи и сакаме ова прашање мирно да се реши, истакна Вучиќ.
Српските медиуми пренесувајќи ја оваа изјава на Вучиќ пишуваат дека премиерите на Грција и на Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, се согласиле дека името на македонската држава ќе биде Република Северна Македонија, а македонскиот претседател одбил да го потпише договорот.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















