Индонезиецот Хари Тоае, на плафонот на својот дом видел едно необично суштество.
Бизарното суштество одело по ѕидовите и плафонот, а изгледало и многу чудно.
Имало крила, а со пипките со разни должини се движело по површината. Изгледа дека влегло во куќата бегајќи од бурата.
“Ќе му дозволам да остане во мојот дом, но само една вечер. Не сакам да ги преплашам моите гости. Никогаш не сум видел нешто слично”, рекол тој.
Секако, не станува збор за вонземјанин, но ни за опасно животно. Во куќата на индонезиецот влегол големиот молец “Creatonotos gangis”, кој ја населува Азија и југоисточните делови на Азија.
Како и сите молци има крила, но кога доаѓа време за парење се трансформира во “чудо” со долги пипки, кои ги користи за произведување на феромон, хемиска супстанца која го привлекува женскиот партнер.