Нејзините бизарни методи за да го сокријат лицето од очите на јавноста се скоро исто толку познати колку и нејзината музика. Многумина веруваат дека тоа не е ништо повеќе од публицитет трик, но зад скриеното лице на овој талентиран артист се крие огромна трагедија и плодна биографија.
Сиа неколку години се бори со ментална болест и зависност од дрога и алхохол, бидејќи гламурозниот живот за кој таа сонувала како дете се претворил во секојдневен кошмар. Таа години наназад важи за една од врвните артисти во музичката индустрија. Притисокот на славата станал огромен, водејќи ја Сиа да донесе важна животна одлука додека ја држела крај себе самоубиствената белешка. Ова е биографијата за една талентирана пејачка зад чија што кариера се кријат огромни трагедии, смртни случаи и борба со пороци.
Нејзиното детство поминaто во уметничко семејство
Сиа Кејт Изобел Ферлер е родена во Јужна Австралија. Нејзината мајка била уметнички предавач, а татко и бил блуз-гитарист. Нејзината креативна личност почнала да се развива за време на нејзиното прилично необично детство, каде што била опкружена со изведувачи од циркуз, актери и познати членови на бендот на татко ѝ. Сиа заклучила дека ако таа успее во уметноста нејзините родители би ја сакале повеќе. Со текот на годините, татко ѝ станал сѐ помалку посветен на семејството. Неговите доцни ноќни свирки и употреба на дрога го разделиле семејството, а неговата сопруга поднела барање за развод.
Создавањето и распаѓањето на нејзиниот прв бенд
На 17 години, Сиа работела во локално кафуле, кога нејзиниот пријател споменал дека неговиот бенд има потреба од нов пејач. Веднаш штом таа започнала да пее, бендот знаел дека го нашле она што го бараат. Меѓутоа Сиа го користела алхохолот за да може да настапува во живо, со што постепено развила зависност. По 4 години бендот се поделил, така што на 21 година Сиа решила да се пресели во Лондон за да живее заедно со нејзиното тогашно момче.
Смртта на нејзиното момче
Дур таа престојувала во Тајланд, нејзината мајка ѝ се јавила, а Сиа имала чувство дека ќе чуе лоши вести. Пејачката не очекувала дека ќе чуе дека нејзиното момче во Лондон било убиено со такси. Сиа се вратила во Австралија, а нејзиното пиење се интензивирало. Набргу потоа, цимерот на нејзиниот починат дечко ја поканил во Лондон. Таа таму ги поминала следните шест години во пиење, дрога и тагување.
Нејзината голема пауза
Еден ден, Сиа добила понуда да пее на локална забава, а таа прифатила. Пејачката застанала на сцената и ѝ подарила на публиката класика со душа. Во тој момент еден човек се стрчал кон неа и ѝ довикал: “Ти си со мене!” Оттогаш Сиа го имала својот прв менаџер. Благодарение на неговите врски, таа станала поблиска со внатрешните кругови на музичката индустрија и нејзиниот вокал станал препознатлив во светот. Сепак, таа заминала откако дознала дека нејзиниот менаџер всушност бил дилер на кокаин.
Рапидното стекнување на славата
Откако таа го издаде својот прв сингл, истиот се издигна во првите десет на табелата за синглови во Велика Британија. Следната година, Сиа ја мешала ретро музиката, џезот и душевната музика во нејзиниот втор сингл, заедно со детали за губењето на нејзиното момче. Додека Сиа била повеќе од среќна да остане надвор од центарот на вниманието, нејзиниот менаџер инсистирал на тоа таа да оди на турнеја. Тоа било она што се очекува од пејачите, па таа се придржувала до барањата. Но, по 13 години непрестајна турнеја, нередовен распоред за спиење, осаменост и исцрпеност, сето тоа станало премногу за неа. Притисокот да се биде познат ја втурнал во длабока депресија и таа станала целосно зависна од дрога и алкохол. Потоа ѝ било дијагностицирано биполарно растројство, па затоа косумирала лекови. Сиа очајно сакала да се пензионира од нејзината кариера. На 35 години, додека живеела во Њујорк, Сиа го повикала дилерот на дрога кој и понудил по два вида од сè што имал – освен мета и хероин. Четири месеци подоцна, Сиа одлучила дека е време да земе дрога и заминала во одреден мотел. Таа оставила пишани упатства за човекот кој го шета нејзиното куче, а друга за управникот на мотелот да повика брза помош. Сиа не сакала некој да го најде нејзиното мртво тело.
Нејзината рехабилитација и кариера како текстописец
Бидејќи таа е позната по својата чудесна личност, честопати се сомневала дека многу уметници ќе сакаат да ја искористат нејзината способност во нивната музика. Квалитетните текстови коишто таа ги напишала, биле резултат на искуствата кои произлегле од нејзините изминати животни борби. Сиа се повлекла од снимањето на сопствените песни и ги минала своите денови среќно пишувајќи од дома. Во 2014 година, таа започнала да произведува нови песни. Светот ја повикал на јавен настап, но Сиа била решена да ја одржи својата потреба за приватност без оглед на тоа што диктира поп културата. Со цел да се заштити себеси, пејачката одбила да го промовира својот последен албум и се претставила на насловната страна со хартиена кеса на главата. Таа честопати се криела од камерите под големи перики. А истото го правела и во своите музички спотови, интервјуа, па дури и за време на сценски изведби. Иронично е тоа што нејзината желба да избегне да го покаже нејзиното лице во јавноста, ја направија Сиа уште попозната. А за крај таа остави една влијателна порака каде што вели дека нема ништо поважно од тоа да се остане сигурен во себе и свој на своето, без оглед на околностите.