Вреди 23 милиони евра, но е приземјен – погледнете го ‘ѕверот авион’ на Роналдо каде што сè е во знакот на луксузот

487

Ниту тоа што Кристијано Роналдо е најголемата ѕвезда во светскиот фудбал не му помага да добие дозвола за лет со својот суперлуксузен „Gulfstream G200“, вреден 23 милиони евра.

Португалецот постојано во текот на карантинот е во Мадрид со својата партнерка Џорџина Родригез и петте деца. Откако мерките по малку попуштија Роналдо со радост би се вратил во Јувентус, но ќе мора малку да причека сообраќајот меѓу земјите да се нормализира.

Приватниот авион Роналдо го купил во 2015-та година, а избрал една повредна верзија која што во оригинал е наречена „Astra Galaxy“, а од нив произведени се само 250.

Максималната брзина на авионот е 900 км/ч., па Роналдо од аеродромот во Фуншал до аеродромот во Торино би требало да стигне за околу шест часа лет.

Секако, Роналдо и неговото семејство често летаат со луксузниот авион во идеални услови. Најмногу патници кои што можат да се најдат во авионот се 10, а без сомнеж сите се чувствуваат како кралови.

Во авионот има и голема гардероба доколку дамите и џентлмените сакаат да се пресоблечат за некој свечен оброк или пак да облечат пижами кога ќе дојде време за одмор или спиење.

Нормално, авионот има и своја wi-fi мрежа, телефон, шпорет, микробранова печка, фрижидер и телевизор каде што патниците во текот на летот може да уживаат во некој добар филм, фудбалски натпревар или пак нешто друго по желба.

View this post on Instagram

Moments ❤️

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on