Вознемирувачки снимки: Филипински градоначалник убиен со снајпер

1020

онтроверзниот градоначалник на Танауана бил убиен со снајпер во тек на церемонија пред градското собрание, јавуваат светските медиуми.

Градоначалникот на филипинскиот град Танауана, Антонио Халили, предизвикал контроверзи поради јавно покажување на луѓе уапсени поради прекршоци со дрога. Утрово бил убиен со еден куршум во гради, а полицијата трага по снајперистот кој го застрелал.

На интернет биле објавени вознемирувачки снимки кои го прикажуваат неговото убиство и паниката која настанала подоцна. Снимките го прикажуваат Халили со други службеници, кои учествувале во церемонијата за кревање на знамиња пред градското собрание.

Гери Ларсема, службеник кој го снимил првото видео, изјавил за филипинската новинска агенција “PNA”, дека не е јасно само од која насока пукал напаѓачот. Исто така рекол дека Халили примил смртни закани поради своите постапки во војната против дрогата.

Халили бил прогласен за мртов во болница еден час откако бил застрелан во 8 часот по локално време. Полицијата изјавила дека верува дека мотивот за убиството се неговите паради со обвинетите. Канцеларијата на претседателот Родриго Дутерте објавил дека Халили бил негов сојузник и дека правдата ќе биде извршена.

Халили својата контроверзна политика со јавно покажување на уапсените поради дрога ја започнал во 2014. година. Бил еден од главните сојузници на Дутерте во борбата против дрогата, во која биле убиени илјадници луѓе.