Воочила црни точки во домот, се изненадила кога открила за што станува збор

569

Жената која што забележала дека околу нејзиниот дом се појавуваат мали црни точки, побарала помош на интернет за да утврди за што всушност станува збор.

На фотографиите кои што ги објавила во една група за чистење на социјалната мрежа Фејсбук, се гледаат мали црни точки на рамката од вратата.

„Знае ли некој што претставуваат овие точки?“ – напишала таа покрај фотографијата.

„Почнаа да се појавуваат на плочките во кујната како нечисти дамки, а потоа стануваа многу повоочливи и поголеми“ – додала таа.

Кога останатите членови од Фејсбук групата ја известиле за што станува збор, таа останала изненадена.

Имено, многу било веројатно дека станува збор за измет од пајак.

„Внимателно погледнете ги ѕидовите од вашите домови, па доколку забележите вакви слични дамки тогаш веројатно гледате во измет од пајак“ – се наведува на веб страницата „Animal Hype“ која што ја води авторката и блогерка Елис.

Со оглед на исхраната на пајакот, неговиот измет може да има нијанси на црна, кафеава, бела или пак сива боја, пренесува „The Sun“.

За да се исчисти изметот, се препорачува да се измеша мала количина избелувач со вода.