Територијата на нашата држава се наоѓа под влијание на многу постудена воздушна маса која се спушта од северните гфеографски широчини и истата и понатаму ќе условува многу ниски температури на воздухот кој наутро ќе се спуштат во интервалот од -10 до 0 степени, на повисоките и планинските места температурите на воздухот ќе се спуштат и под -10 степени, анализира Славчо Поповски.
Преку денот ќе имаме сончево време со умерена облачност а ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Во текот на утрешната ноќ како и во петок ќе има врнежи од снег од локален интензитет и истите ќе бидат со слаб до умерен интензитет па така ќе дојде до зголемување на снежната покривка на повисоките и планинските места, услови за сосема тенка снежна покривка има понекаде и на пониските места.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 9 степени во најтоплите делови од државава.
И понатаму ќе дува умерен до засилен северен ветер.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















