Ќе успее ли овој пат лансирањето на ракетата „Фалкон 9″ и сондата „Кру драгон”, откако во средата само 17 минути пред лансирањето, поради лошите временски услови, се одложи овој потфат.
Ракетата на компанијата „СпејсИкс” е планирано да полета денеска во 21 часот и 22 минути од космодромот на Вселенскиот центар „Кенеди” во Флорида. Ракетата ќе ја превезе капсулата во која се наоѓаат двајца американски астронаути, Даг Харли и Боб Бенкен, на Меѓународната вселенска станица.
Ова е прво американско ласнирање на ракета од американска територија со човечки екипаж после девет година пауза. Шатл програмата за превоз на луѓе и товар на МВС беше стопирана од НАСА во 2011 година, кога агенцијата во вселената го прати својот последен шатл, „Атлантис”.


![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)































![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-100x70.jpg)

