Мери Николова: Тепање поп со скршеници 6 месеци затвор, тегнење за коса четири години – правда, а?

955

Таткото на Боки 13 вчера беше осуден на казна затвор од шест месеци за нанесување на повреди при физички напад на попот Виктор Стојчев.

За потсетување, четири години затвор му беа изречени на Панче Ангелов, обвинет дека ја искуба за коса тогаш пратеничката Радмила Шекеринска во Собранието на 27 април.

Мери Николова Буџаку од СДСМ прави споредба на овие две пресуди, прашувајќи дали има правда.

„Тегнење за коса 4 год. затвор.

Тепање поп со скршеници 6 месеци затвор.

Браво за таткото на Боки.

И правда имаме, а?“ – коментира таа.