Велат кога се работи нешто од срце, тогаш успехот е неминовен и загарантиран. Токму таква е и приказната на кафеаната „Лантерн“ која што е стационирана во срцето на Дебар маало, на добро познатата Боемска улица 2 и иако работи само 9 месеци веќе важи за омилена кафеана на скопјани.
Гастрономско уживање, мени кое ќе ги задоволи вкусовите и на најпребирливите, пријатна атмосфера, модерен ентериер, уникатен амбиент, гостопримлив и насмеан персонал, музичка агенда наменета за сечиј вкус… Сето ова можете да го најдете во „Лантерн“ . Најдобрата кафеана во градот која кон крајот на годинава ќе го одблежи својот прв роденден реши крајот на летото да го дочека на совршен начин – со вкусна храна и пијалак зачинета со добра музика и музичари кои што ќе ве пречекаат и ќе ви запеат од срце.
Имено, тимот на „Лантерн“ реши да спреми голем број изненадувања за своите гости со кои ќе го означат успешниот крај на летото, но и стартот на новата есенска сезона која што почнува наскоро. Па така, веќе во четврток сите љубители на добрата забава можат да повелат на after work забава која што ќе започне во 16 часот и 30 минути, а за музиката ќе биде задолжен составот „Ѓезме“.
После „Ѓезме“, следува и настапот на миленикот на скопската публика, добро познатиот Јоцо Бамбус кој што ги прави најдобрите забави во градот. Јоцо ќе стартува во 20 часот и 30 минути, па се до полноќ.
„„Лантерн“ дефинитивно е една од најдобрите кафеани во Скопје, се гледаме секој четврток на забава„, порача Јоцо.
Следниот петок, пак, на 13 септември ќе гостува еден од најдобрите пејачи на домашен терен – Миле Кузмановски. „Кралот без круна“ кој што го испеа евергринот „Не кани ме“ овојпат со задоволство ве кани на неговиот настап и ветува одлична забава и атмосфера.
„Ве чекам сите на 13 во „Лантерн“, јас ветувам дека ќе дадам се од себе за да си поминеме супер, вели Кузмановски.
Наскоро следуваат и нови детали во однос на музичката агенда. Тимот на градската кафеана „Лантерн“ ги поканува сите сладокусци на една убава седенка со добра храна, пијалак и музика. Се гледаме! Ние ќе бидеме таму, а вие?!
Телефонски броеви за резервации: 071 361 751 и 071 295 311