Во Србија вирусот зема голем замав: Кон сака да затвори се дури пет дена

73

До викендот нема да има нови мерки но потоа, по состанокот во петокот е се поизвесно дека во Србија ќе се воведуваат рестрикции. Во соседната земја која има напредна вакцинација сепак во последниот период се зголеми бројот на новозаболени.

„Ситуацијата се влошува, потребно е да се зајакне контролата што е можно повеќе. Исто така, ќе се зајакне надзорот на болеста во училиштата. Засега, тоа не значи дека училиштата претставуваат голем ризик “, рече докторот Предраг Кон по сестанокот.

Тој изјави дека нешто мора да се стори за време на викендот, а остатокот останува да се прецизира во петок.

„Се зборуваше и за скратување на работното време во кафулињата, но мислам дека е далеку поважно да се спроведе строга контрола“, рече епидемиологот.

Тој ги спомена зимувањето и ски-центрите како особено важни места.

Кон е загрижен за епидемиолошката состојба и предупреди дека може да се влоши во следните 10 дена.

„Медицинскиот дел од Кризниот штаб и јас би сакал сè да биде затворено 5 дена, но тоа не е можно“, рече Кон.