Во Србија прв пат над 1000 новозаразени со корона,забавите не запираат

51
Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 9.430 лица за корона вирус, 1.053 биле позитивни, додека починале пет лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, има 38 пациенти на респиратори во болниците низ Србија.

Да потсетиме, пред два дена имало 26 лица на апарати за дишење, па зголемувањето од вчера е цели 50 проценти! Исто така, вчера, друга бројка била загрижувачка – дури 107 лица се примени во болниците за еден ден, односно секоја трета личност која била позитивна на ковид-19. Вчера имало 768 лица во болниците.

Од утрово пристигнуваат драматични предупредувања од експертите – дека денес ќе има повеќе заразени лица од почетокот на епидемијата и сè повеќе најави за нови мерки – скратување на работата на угостителските објекти и задолжителен тест за ПЦР за влез во Србија.

Директорката на „Батут“, Верица Јовановиќ, рече дека Кризниот штаб ќе продолжи да ги предлага најитните мерки во согласност со епидемиската состојба. Во меѓувреме српските медиуми извастуваат за нелегални корона забави со масовно присуство во кафулињата и ноќните клубови.