Во Скопје изминатиот викенд 19 сообраќајки

383

Вкупно 19 сообраќајни незгоди се случиле изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Три лица се тешко повредени, а 10 лесно.

Како што соопшти СВР Скопје, со поголема брзина од дозволената се движеле 151 возачи, 15 биле под дејство на алкохол, 17 поминале на црвено, а 40 биле исклучени од сообраќај пред да се стекнат со право на управување на моторно возило.

Дваесет и девет возачи се исклучени од сообраќај зашто не им биле регистрирани возилата, а подигнати со пајак се 94 возила.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СИТЕ ВЕСТИ ОД СКОПЈЕ