Звонимир Бобан преземал нова функција во УЕФА, а за своето пријателство со претседателот на куќата на европскиот фудбал, Александер Чеферин, зборувал за словенечки “24ur”.
“Не поврза и една друга, убава работа а тоа е да направиме и нешто за нашите народи кога сме веќе на толку влијателни позиции”, рекол поранешниот хрватски фудбалер.
“Без разлика на споровите кои ги имавме во минатото, бидејќи ФИФА, мојата поранешна организација и УЕФА имаат спротивставени интереси, Александер и јас одржавме одличен, искрен однос”.

Тој зборувал и за полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите.
“Реал е фаворит, иако Челси е многу опасна екипа. А Сити игра потечен, подобар фудбал од ПСЖ. Тоа е фудбалот кој го играат сите екипи под водство на Гвардиола”, објаснил Бобан.

УЕФА презема најжестоки можни мерки
Бобан на кратко критички го прокоментирал и обидот за основање на Суперлига, во која би требало да настапат 20 клубови.
“Тие клубови сакаат да го украдат фудбалот од навивачите и затоа УЕФА против нив ќе преземе најжестоки можни мерки”, заклучил великанот на хрватскиот фудбал.