Во Шпанија, пациентите со Ковид-19 ги носат на плажа како дел од процесот на закрепнување

844

Пациенти кои се заразени со новиот коронавирус во Шпанија се носат покрај море на плажите во Барселона како дел од процесот на закрепнување.

Медицински тимови од болницата „Дел Мар“ во Барселона се фотографирани додека ги носеле заболените на плажа, објави „Би-би-си“.

Шпанија беше една од најпогодените европски земји од пандемијата, но во последните неколку недели ситуацијата се става под контрола. За да го спречат ширењето на коронавирусот, шпанската влада воведе рестриктивни мерки, па луѓето не можеа да излезат да вежбаат на отворено, а децата со недели имаа забрана за напуштање на домовите.

Сега, рестриктивните мерки постепено се олабавуваат, а во средата премиерот Педро Санчез побара од парламентот продолжување на вонредната состојба до 21 јуни.

Денеска од шпанската влада соопштија дека во рамки на процесот на попуштање на мерките на 1 јули е планирано да се отворат границите за странски туристи.

Од 22 јуни, пак, Шпанија ќе ги отвори копнените граници само со соседните Португалија и Франција.