Тошковски: МВР не знаело ниту е надлежно за пиротехниката

172

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за „Само интервју“ изјави дека Министерството не било ниту информирано, ниту надлежно за употребата на пиротехнички средства во дискотеката „Пулс“ каде во трагичниот пожар загинаа 62 лица. Според него, трагедијата открила години наназад граден систем на толеранција, институционални пропусти и континуирана корупција.

„Ако некој официјално не пријави употреба на пиротехника, МВР нема законска основа да реагира. Такво барање не постоело“, изјави Тошковски, додавајќи дека командирот на полициската станица во Кочани е осомничен за незаконито постапување.

Тој рече дека обвиненијата на опозицијата се обид да се префрли вината и да се релативизира суштинскиот проблем – институции што молчеле, иако знаеле. Тошковски нагласи дека довербата во полицијата расте токму поради решителниот пристап во откривање на корупцијата, без разлика од каде доаѓа.

„Борбата против корупцијата нема етничка или политичка боја. Сите што затаиле – ќе одговараат“, рече тој.