Синоќа во пожар до темел изгоре куќата на семејството Атанасовски во скопската општина Кисела Вода.
-Траорна ситуација, тажна и далеку потресна. Во наредниот период сите хумани сили ги насочуваме кон негова помош. Повторно да изградиме дом за Тони, напиша градоначалникот Ѓорѓиевски на ФБ.
Тој заедно со отец Оливер започнуваат иницијатива за да му се помогне на семејството Атанасовски.
-Ја разбирам неговата болка и затоа започнуваме заедничка иницијатива со отец Оливер, a воедно ги повикуваме и сите општествено одговорни компании и фирми од Кисела Вода да се вклучат и да помогнат, за да овој наш сограѓанин не ја почувствува празнината за овие празници, туку да му помогнеме и да го направиме среќен. Вечерва не го оставивме под отворено небо и веднаш го сместивме на топло. Моите граѓани во Кисела Вода се мое семејство и мораме да си помогнеме! Домот е столб на хармонија и среќа, така да ќе го изградиме повторно, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















