Инфраструктурен бум најавува премиерот Христијан Мицкоски. Реконструкција на Коридорот 10 во железницата што ќе доведе до побрз транспорт на патници и стока.
-Ќе се модернизира и реконструира Коридорот 10, железничката пруга од Табановце до Гевгелија. Откако тоа ќе се заврши граѓаните ќе можат да го користат железничкиот транспорт со брзина од 160 км/ч во просек, а карго возовите во просек ќе возат 110 км/ч, што значи најмалку четири пати повеќе од сегашниот просек. Со тоа очекуваме не само зголемена брзина на карго превозот, туку очекуваме и зголемен интерес за повеќе по бројност композиции. Во нето износ тоа да биде најмалку 10 пати повеќе од тоа што денеска е и крајната цел е Македонски Железници годишен приход да достигне помеѓу 100-120 милиони евра, истакна Мицкоски.
Премиерот додаде и дека инвестираат и во здравството. Како дел од проектите ги истакна изградбата на Клиничката болница во Штип, зграда на Медицинскиот факултет, студентски дом, болница во Кичево, реконструкција на Клиничката болница во Тетово.
-Заедно со реконструкцијата на коридорот инвестицијата ќе надмине 2 милијарди евра. И понатаму продолжуваме да бараме партнер за изградба на стратешки проекти. Во енергетиката главен фокус ни е проектот Чебрен и Галиште, посочи Мицкоски.













![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)





















![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-100x70.jpeg)

