Во Германија и не се живее баш така добро: Kолку помалку заработуваат странците од домашните работници?!

79

Странците во Германија заработуваат просечно 895 евра помалку од Германците, притоа најдобро стојат додека доселениците  од Балканот, кои заработуваат 208 евра помалку од просечниот Германец.

Сиријците или Авганистанците треба да го преживеат месецот со дури 1.475 евра помалку од локалното население.

Вработените странци во Германија заработуваат многу помалку од домашните граѓани, покажува статистиката на Федералната агенција за труд.Додека германските граѓани минатата година имале просечен приход од 3.509 евра бруто – тоа е, пред да се платат даноците и придонесите – таа вредност за странците била 2.614 евра.

Тоа е за 895 евра или четвртина помалку.

Разликата меѓу Германците и странците е особено драстична кога станува збор за новодојденците од Сирија, Авганистан или Еритреја кои заработуваат 1.475 евра помалку од локалното население.

Статистичките податоци ги објави Федералната влада како одговор на парламентарната истрага од „Алтернатива за Германија“. Особено се забележува колку разликите се зголемија во последниве години – така што во 2010 година разликата беше 11,6 проценти (317 евра).

Разликата не може да се припише само на образованието, бидејќи таа постои дури и кај неквалификуваните работници – странците добиваат 415 евра помалку од Германците.

Неквалификуваните работници од Албанија, Србија и регионот заработуваат 208 евра помалку месечно, додека луѓето од бегалските земји заработуваат 657 евра помалку месечно.

Само 16 проценти од сите вработени во Германија работат во таканаречениот „сектор со ниски плати“, додека учеството на странците е 37 проценти, пишува Дојче веле.

Германската влада ја објаснува разликата во платите со фактот дека работниците од странство често имаат помалку искуство и експертиза.

Според одговорот на Федералната влада, вработувањето на повеќе странци може да има „ефект на притисок врз просечната заработка“. „Луѓето кои штотуку се доселиле во Германија се на почетокот на својата кариера“, вели Херберт Брикер од Институтот за истражување на пазарот на трудот во Агенцијата за труд.

„Нивните плати значително ќе растат за време на нивните кариери“, рече тој за агенцијата ДПА.