„1ТВ“ на Боки 13 има нов сопственик- Богдан Дамјановски кој телевизијата ја добил бадијала

88

Богдан Дамјановски е новиот сопственик на „1ТВ“. Тој телевизијата ја добил без да плати ниту денар. Дамјановски е и несуден газда на фабриката „11 Октомври“.Според ИРЛ,  се уште не е направена официјална промена на сопствеништвото на медиумот. Дамјановски, според УЈП, за преземањето на телевизијата договорено било да не плати, но треба да ги уплати сите долгови на 1ТВ“ и „БМЈ Медиа груп“.

Тој на јавноста не и е многу познат барем во бизнисот со медиуми. Но, затоа го паметат поранешни вработени на поранешната ФАС „11 Октомври“. Во мај 2003 година Дамјановски се нуди да ја преземе фабриката, кога понуди најмногу пари, околу 12 милиони евра. Но, подоцна станува неуспешен купец, бидејќи потенцијалниот сопственик на ФАС „11 Октомври“ не ги исплати долговите на скопската фабрика за автобуси „11 Октомври“.