Во атентат е убиен главниот научник за нуклеарно оружје на Иран (ВИДЕО)

123
Убиен е Мохсен Фахризадех, научник и главен експерт во иранската нуклеарна програма, потврди иранското Министерство за одбрана.

Фахризадех бил шеф на одделот за истражување и иновации во Министерството за одбрана, додаваат тие.

Фахризадех е убиен во близина на Техеран, главниот град на Иран, пренесува иранската телевизија Прес.

Фахризадех преживеа атентат пред неколку години, но овој пат е убиен. Тој, наводно, бил убиен заедно со неговите телохранители во регионот Даваманду, близу Техеран.

Според соопштението за печат издадено од Министерството за одбрана, тој бил убиен во терористички напад додека се возел во автомобил заедно со неговите телохранители.Не го наведуваат виновникот за нападот.

Имало пукање, а при размена на оган меѓу неговите телохранители и терористите, Фахризадех бил тешко повреден и итно пренесен во болница каде им подлегнал на повредите.

За Фахризадех Западот, Израел и иранските дисиденти долго време се сомневале дека бил зад она што го сметаат за прикриена програма за атомска бомба, која е запрена во 2003 година.

Иран долго време негирал дека се обидел да развие нуклеарно оружје.

Иранските медиуми пишуваат дека Фахризадех бил висок политички и стратешки лик во Иран и работел како професор по физика на универзитетот Имам Хусеин. Тој исто така бил високо рангиран научник во иранското Министерство за одбрана и логистика на вооружените сили.

Некои го нарекувале иранскиот Роберт Опенхајмер и убедливо најважен ирански нуклеарен научник. Израелскиот премиер Нетанјаху неодамна го споменал неговото име на презентација и рекол „запомнете го неговото име“.

Иранците пишуваат дека тој е најдобриот ирански научник и голем експерт за нуклеарно оружје во земјата.

Никој досега не презел одговорност за нападот.