NBA колумна на Димитар Младеновски-Астрономски договор за Брендон Инграм

563

Веќе пишувавме за Брендон Инграм, играчот со најголем напредок од претходната сезона.

NBA колумна на Димитар Младеновски-Играчот со најголем напредок годинава (ВИДЕО)

NBA колумна на Димитар Младеновски-Престижна награда за Брендон Инграм (ВИДЕО)

На ред дојде она што го заслужи, новиот договор со тимот на Њу Орлеанс Пеликанс. Младото перспективно крило кој лани пристигна од тимот на Лос Анџелес Лејкерс, потпиша нов петгодишен договор. Верноста кон “пеликаните” ќе му донесе 158 милиони долари во наредните пет години.Ланската сезона, Инграм инкасира 7,5 милиони долари. Сите очекуваа дека по минатогодишната претстава, тој ќе го добие заслуженото. По премиерниот All Star настап, и добивањето на наградата за играч со најголем напредок беше очигледно дека неговото задржување во тимот беше главна задача за управата на тимот од Луизијана.

По доведувањето на новиот тренер Стен Ван Ганди, Њу Орлеанс значително ја засили центарската позиција доведувајќи ги силниот новозеланѓанец Ствен Адамс и шпанскиот репрезентативец Вили Хернангомез, како и бекот Ерик Бледсо. Со младиот и атрактивен состав, полн со потенцијал и жед за победа, доаѓаат убави денови во градот на “месечината”.

NBA FAN

Димитар Младеновски