ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и Макрадули наместо да го решат проблемот со загадувањето, сакаат да си дремнат или да си поиграат игри

336

СДСМ пушта лажни соопштенија со цел да ја прикрие незаинтересираноста на Шилегов и Макрадули за справување со загадениот воздух, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера Петре Шилегов и Јани Макрадули за огромната плата што ја добиваат токму од народот повеќе сакаат да си дремнат или да си поиграат игри наместо да решаваат проблеми.

Заев, Шилегов и Макрадули пред изборите ветуваа итни краткорочни, но и долгорочни мерки со кои ќе се намали загадувањето. Но, откако дојдоа на власт, спроведоа само една единствена мерка „исклучување на мерни станици“.

И додека граѓаните се гушат во загаден воздух, СДСМ покажува дека е незаинтересиран и неспособен да го намали загадувањето. Повеќе пари се издвојуваат за луксузирање отколку на мерки и борба против аерозагадувањето во државата и во главниот град.

Народот не заслужува ваква власт што не се грижи за нивните животи. СДСМ мора што поскоро да си замине за да може да се решаваат проблемите на граѓаните“, порачаа од опозициската партија.