ВМРО-ДПМНЕ продолжува да обединува и да ја води Македонија во насока на национално единство и просперитет. Резолуцијата која ја предложивме, а е плод на заедничките ставови на МАНУ, УКИМ и МПЦ – ОА ќе ги заштити националните црвени линии, околу кои не смее да има компромиси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека оваа Резолуција го отсликува ставот на народот.
-Позитивно е што голем број парламентарни партии се спремни да ја поддржат Резолуцијата и со тоа да се изгради национален став и стратегија. Македонскиот јазик, идентитет и историја и национална посебност не смеат да бидат дел од никакви преговори. Се надеваме дека СДСМ ќе останат доследни на вчера кажаното и ќе ја поддржат Резолуцијата, без низ собраниски процедури да се обидуваат да ја закочат и опструираат. Време е Македонија да престане со лошата пазарџиска дипломатија. Време е за стабилност во надворешната политика. Време е за Македонија за сите луѓе, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.











![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)























