СДСМ и криминалецот Зоран Заев ќе бидат единствените виновници доколку таканаречениот попис пропадне.
Власта истурка на сила закон за попис кој е полн со нелогичности, со застарена методологија која не е по препораките на Еуростат.
Изгласаа закон за попис кој ќе биде со врзан потпис, од страна на директорот кој е од СДСМ и заменик директорот на државниот завод за статистика кој е од ДУИ, и со тоа јасно се гледа дека ова ќе биде политичка, а не статистичка операција.
Деновиве се погласно се зборува дека веќе меѓувладините коалициони партнери однапред ги договориле резулатите од оваа политичка операција.
Токму затоа вакавата операција ВМРО-ДПМНЕ нема да ја прифати.
ВМРО-ДПМНЕ преку пратениците во Собранието се обиде да учествува во носењето на овој закон за попис, преку амандмани на овој закон, но власта како и многу пати до сега, тотално ја игнорираше опозицијата кога се работи за крупни прашања ки се во интерес на сите граѓани.
Повторно го повикуваме претседателот Пендаровски да се одважи и да не биде барем еднаш пиун на криминалецот Заев и да не го потпише овој штетен закон за попис.
Доколку Пендаровски го потпише овој закон, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги собере потребните потписи на пратеници, но и ќе побараме и широка народна поддршка преку собирање на потписи на граѓаните.
Доколку оваа ненародна власт реши да ја игнорира волјата на народот и продолжи насилието, нам како опозиција ќе ни даде легитимитет да не ги признаеме резулатите од оваа политичка, а не статистичка операција.
Зоран Заев не успеа да направи консензус за ниедно важно прашање во општеството, ниту за договорот или пак за Анексот со Бугарија, ниту за
здравствените состојби и нивното надминување, ниту сега за пописот! И за тоа Зоран Заев заедно со своите послушници ќе сносат одговорност!

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

