Собранието на Република Македонија денеска треба да избере директор на Оперативно-техничката агенција-ОТА.
Предлогот Зоран Ангеловски да биде директор на ОТА во средата беше изгласан од Комисијата за прашања на изборите и именувањата, откако владејачките партии постигнаа договор од 14-те кандидати.
Собранието денеска треба да го финализира неговиот избор со двотретинско мнозинство.
На дневен ред на 59. седница, која ќе биде последна пред одржувањето на референдумот на 30 септември, е и Предлог на законот за дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка, поднесен од Лилјана Затуроска, Диме Велковски и Артан Груби, за кој исто така имаше несогласувања помеѓу владејачките партии и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Пратениците ќе треба да гласаат и за дополнувањето на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка, за измените и дополнувањата на Законот за просторно и урбанистичко планирање и на Законот за градење, двата по скратена постапка, двата поднесени од пратеници на владејачкото мнозинство.
Се очекува дека на седницата да бидат ставени и други точки.
Седници денеска ќе одржат и Комисијата за труд и социјална политика, на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата и измените на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, двата во второ читање, и Законодавно-правната комисија.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

