ВМРО – ДПМНЕ го разреши Богојески од функцијата

1541

Реформаторот Петар Богојески е разрешен од функцијата заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, дознава Пресинг ТВ од партиски извори.

Порталот пишува дека ваква одлука вечерва донел Извршниот комитет на партијата.

Официјалното образложение кое за медиумот го дале од белата палата е дека Богојески е сменет поради непрофесионално вршење на должноста, несовесно извршување на задолженијата и повреда на партиските начела.

Тој е само разрешен, но не и исклучен од партијата.

Инаку Петар Богојески е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, уште од тинејџерските години. Тој е еден од лидерите на иницијативата за реформи во партијата која почна во времето на Никола Груевски.

Едно од барањата на реформаторите беше да се извршат статутарни измени за извршниот комитет на партијата да не може да поставува и разрешува членови на централниот комитет.