ВИКТОРИЈА ЛОБА: Грешна сум, признавам!

1235

Викторија Лоба важи за една од најактивните домашни познати дами на социјалните мрежи. Освен што објавува фотографии од плажа, снимања и настапи, атрактивната русокоса секојдневно ги информира фановите и со што се храни, а последна во низата фотки со јадење е онаа на која позира со вкусен колач, а покрај неа напишала: “Грешна сум, признавам!”.

Инаку, девојчето со руско потекло е една од најзгодните риби на музичката сцена, а нејзиното извајано тело е резултат на напорни тренинзи, но и козметички третмани кои во последно време се почесто ги практикува.

Лоба наскоро ќе ја изненади јавноста и со нов албум на кој работи во моментов заедно со Роберт Билбилов со кого соработува од почетокот на својата кариера.