Видеолотарија Касинос Австрија во континуитет ги препознава и поддржува младите
таленти за спорт, во склоп на својата визија за модерна и општествено одговорна
компанија. Со задоволство споделуваме дека сме спонзор на ФК АЕРОДРОМ 2018 СКОПЈЕ.
Силно веруваме дека овој клуб ќе биде расадник за млади фудбалери.
Видеолотарија Касинос Австрија ја продолжува својата визија- верен пријател на спортот. Под
слоганот „Играј со најдобрите“, обезбедивме спонзорство за ФК Аеродром 2018 Скопје. Со оваа
поддршка, сакаме да придонесеме младите да тренираат и да ги развиваат своите спортски
вештини. Средствата од ова спонзорство ќе бидат наменети за подобрување и модернизирање на
условите за тренинг и натпреварување за сите категории на ФК Аеродром во Скопје. Силно
веруваме дека овој фудбалски клуб ќе биде расадник на млади фудбалери со кои Македонија ќе
се гордее во иднина.
Видеолотарија Касинос Австрија како модерна и општествено одговорно компанија, ќе остане
посветена на поддршката на спортот и спортските настани, кои се од исклучително значење на
правилно развивање на младите луѓе. Под слоганот „Играј со најдобрите“, помагаме млади кадри
од спортот, образованието, културата, медицина. Во текот на изминатите 10 години за спонзорства
и донации издвоивме буџет од над 205 милиони денари.