ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО НОВ СПОНЗОРСКИ ДОГОВОР ЗА КФСМ

98

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија повторно застанува силно и безрезервно на страната на спортот – овојпат како поддржувач на македонската кошаркарска репрезентација

Во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија денес беше потпишан нов спонзорски договор со Кошаркарската федерација.

Соработката со КФСМ е континуитет на нашата заложба за унапредување на спортот во Македонија. Веруваме дека со здружени сили – играчи, навивачи, институции и компании – можеме да стигнеме до победа“, истакнуваат од Видеолотарија Касинос Австрија.

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија Томе Главчев ја изрази својата благодарност нагласувајќи дека Видеолотарија Касинос Австрија е меѓу првите компании кои уште веднаш реагираа на нивното барање за поддршка на федерацијата.

И потпретседателот- Младен Ѓуроски, ја изрази својата благодарност за поддршката, нагласувајќи ја важноста од вакви партнерства за развојот на македонската кошарка и спортот воопшто. Тој пред медиумите го претстави и дресот со аплицираното лого на Видеолотарија.

Видеолотарија Касинос Австрија најави дека со гордост и задоволство ќе биде дел од спортските натпревари на федерацијата, навивајќи заедно со сите кои веруваат во црвено-жолтите. Натпревари за кошаркарите се шанса да се покаже тимскиот дух и борбеност, а за нас како општествено одговорна компанија и нова можност да ја докажеме нашата поддршка и верба во кошаркарските успеси.