ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО ДОНАЦИЈА ОД 3,284,819,00 ГО РЕКОНСТРУИРАШЕ РАКОМЕТНОТО ИГРАЛИШТЕ НА ОУ КОЛЕ КАНИНСКИ ВО БИТОЛА

332

Под слоганот ИГРАЈ СО ШАМПИОНИТЕ, Видеолотарија Касинос Австрија ја продолжува реализацијата на амбициозниот проект за повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја. Пред почетокот на учебната година, со донација од над три милиони реконструирано е ракометното игралиште во ОУ Коле Канински во Битола.

Под слоганот ИГРАЈ СО ШАМПИОНИТЕ, со донација од 3,284,819,00 денари Видеолотарија го пушти во употреба второто игралиште од проектот за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја.

Ова игралиште е наш подарок за убав почеток на новата учебна година на сите учениците во ОУ Коле Канински, каде и се наоѓа реконструираното ракометно игралиште. Со донацијата, целосно и темелно е реконструирано ова ракометно игралиште, кое доби гумирана подлога, просторот е ограден со жичена ограда за да се обезбеди поголема безбедност на учениците.

Видеолотарија со радост го одбра училиштето, каде своето образование го започнале многу личности, кои преку својата кариера биле пример за идните генерации. Со реконструкцијата на ова ракометно игралиште, ние веруваме дека во иднина ќе поттикнеме многу дечиња да станат успешни ракометари и ракометарки, на чии успеси ќе се радуваме заедно.

Игралишта се дел од компаниската стратегија за повеќегодишно вложување во спортот, а со цел постигнување на врвни спортски достигнувања и мотивирање на младите активно да се посветат на спортот. Денес сме среќни, затоа што може да најавиме дека во Гевгелија веќе привршуваат последните активности, со кои ќе биде реконструирано и следното игралиште.

На ваков начин, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно # ИГРАЈ СО ШАМПИОНИТЕ