ВИДЕО: Застрелан косовски Србин од страна на косовските специјалци

104
Србинот, Среќко Софронијевиќ, кој беше застрелан во полициската рација на специјалните единици на косовската полиција, во моментов е на операција во болницата во Косовска Митровица, пишува српски „Блиц“.

Софронијевиќ, според информациите од лекарите, има тешка прострелна рана, но не се наоѓа во животна опасност. Тој беше застрелан во моментот кога косовската полиција отвори оган, а насобраните Срби почнаа да бегаат за да се засолнат.
Србинот беше застрелан во Звечан, каде што косовската полиција, изведе рација провалувајќи во објектите.

– Повредата е нанесена со огнено оружје, тој е застрелан во пределот на градниот кош. Неговото рамо и ребро беа повредени, се подготвуваме за операционата сала да му го извадиме куршумот. Тој е на интензивна нега и е во тешка состојба – изјави за „Косово онлајн“ хирургот Златан Елек, директор на КБЦ Косовска Митровица

Утрово во северниот дел на Косовска Митровица се огласија сирени, а косовската полиција објави дека станува збор за „спречување на криумчарење стока“. Граѓаните излегоа на улиците, а косовската полицја употреби солзавец и шок бомби за да ги растера Еден човек е тешко повреден на северот на Косово.