(ВИДЕО) За прв пат снимена обуката на легија на странци!

1056

Нивниот ден започнува во мракот пред изгрејсонце!

Денот им започнува во 05:00 часот со подигање на Француското знаме, додека до крајот на денот кандидатите за ,,Легија на Странци”  ќе пливаат во ладна река, исто така ќе препливуваат море во целосна воена опрема, ќе изведуваат падобрански скокови, ќе стрелаат и како за крај на денот повторно ќе изведат скок во реката која има минимална температура.

Сто и четириесет нации, една војска!

Во Легија на Странци може да се сретнат поединци од секоја точка на земјината топка, како на пример : Англија, Венецуела, Молдавија, Полска, Бразил, Колумбија, Непал, Србија, Хрватска и уште многу други држави од светот.

Легија на Странци од секогаш била мистериозна специјална единица поради тоа што во нејзиниот состав прима поединци од најразлични нации но со една цел, да се борат под Француско знаме. Исто така единицата е позната како прибежиште за луѓето со криминално досие, во неа добиваат нов идентитет и нов живот.

Но за разлика од минатото денес, во единицата веќе не се дозволува прием на лица кои што имаат проблем со законот.

Поради што поединци се одлучуваат за Легија на Странци?

Како што кажува Хрватскиот инструктор ,,Во Легија на Странци поединците доаѓаат поради три причини како што се: Финансиски проблеми, поради Авантура или во краен случај истите бегаат од некого или од нешто”.

Со дозвола за снимање на YouTube се појави видео кое што ја прикажува обуката за нај елитниот оддел во Легија на Странци, падобранскиот. Обуката се одвива на Корзика во траење од 21 ден.

Погледнете го видеото и дознаете повеќе за тренингот, функционирањето, задачите и правилата во Легија на Странци.