ВИДЕО: Сообраќајна несреќа во Аеродром, автомобил заврши превртен на кров

313

Тешка сообраќајна несреќа вечерва околу 23 часот се случи на во скопски Аеродром, на булевар Јане Сандански, пренесува 21ТВ.

Во сообраќајката, нема тешко повредени лица, ниту пак загинати. Со повреди бил пренесен во Ургентен центар само возачот на Фиат Чиквеченто. На лице место се присутни екипи кои утврдуваат како дошло до несреќата.

Автомобил е со скопски регистарски таблички, а се уште не се знае како завршил превтен на кровот. Неофицијално причината е неприлагодена брзина.