Полициските Тигри освоија прво место на меѓународниот натпревар во Јордан

314

Припадници на Единицата за специјални задачи Тигар, го освоија првото место во една од најсложените  дисциплини TOP SHOT, на 11 меѓународен натпревар на специјални единици KASOTC, што се одржува во Јордан, Аман.

Дисциплината ТOP SHOT се состои од полигонско тактичко пукање со пушка, пиштол и сачмарка, со ограничен број куршуми, во краток временски период и во определен број мети, вешто, брзо и прецизно пукање.

Инаку, натпреварот се спроведува во пет дисциплини во текот на пет дена, со учество на тимови од 40 земји од светот.

loading...