Телевизијата „Звезда“ прикажа снимка од тестирањето на вратата од влезот во командниот центар на Стратешките ракетни сили кој се наоѓа на посебно чувана територија.
На полигонот во Ленинградската област беше тестирана вратата која тежи дури четири тони.
Инженерите поставија 200 килограми експлозив за да симулираат напад на командниот центар, а тој удар по силата може да се спореди со вистинска нуклеарна експлозија. Сепак, и покрај силината на експлозијата, конструкцијата го издржа ударот и вратата не се отвори.