Сите погледи биле вперени кон неа: Манекенката се појавила во минијатурно бикини кое не покривало речиси ништо

189

Шантел Џефрис е модел и пејачка, а светската слава ја должи и на фактот што сака да ја покажува својата беспрекорна фигура кога и да има прилика за тоа.

Неодамна, папараци фотографите ја “фатиле” токму во едно такво издание – додека шетала на плажа во Мајами, покажувајќи го своето нереално тело.

Шантел уживала со пријателките во морето, сонцето и коктелите, а покажала дека и без шминка и со опуштена, бујна коса изгледа одлично.

Нејзиното раскошно деколте кое го истакнала во микро бикини со животински дезен ги привлекло сите погледи на плажата.

Наспроти фактот што Џефрис денес се занимава со неколку професии, а покрај тоа е и Инстаграм сензација, таа всушност се прослави благодарение на романсите со славни мажи како Џастин Бибер, Пи Диди, Лил Твист, Тревис Скот, но и голем број спортисти и влијателни мажи.