(Видео) Момент кој го шокираше тенискиот свет, но и пошироката јавност: Начинот на којшто таткото ѝ честиташе победа на ќерка си

481

16-годишната Чехинка Сара Бејлек за прв пат во кариерата се пласираше на Гренд слем УС Опен

Таа кога му пришла на својот татко да ја прослават нејзината победа, следел неочекуван потег кој ја згрози јавноста.

Имено, тенисерката му пришла на татко си за да се поздрави со него и за тој да ѝ честита. На видеото се гледа како тие двајца се прегрнати, а само неколку секунди подоцна татко ѝ почнува дај удира по задникот. За шокот за гледачите да е уште поголем, тој неа ја бакнува во уста.

По поздравувањето со својот татко, таа се поздравила со уште еден човек кој исто така ја удирал по задникот. Како и секогаш, ваквите настани се идеална подлога за коментари на социјалните мрежи, главно негативни, со оглед на тоа што оваа сцена изненадила и згрозила многумина, особено родителите ширум светот.

Видеото станало вирално на Твитер, а истото има и многу коментари: